„Добра песна е добра и после 20 и повеќе години. И треба да се негува и да им се понуди на новите генерации. Поводот за разговорот со „Фрајле“ е нивниот нов албум „Обрадуј ме“ за кој соработуваат со звучни имиња и препејуваат звучни песни. Ги откриваат нивните планови за летово, па и есента и дали ќе не посетат во Македонија.
- Албумот е проектот „Обрадувај ме“, „Фрајле“ пеат обработки на стари песни со оригинални иозведувачи, но со нов арамнжман. Па така се наоѓаат песните:
“Ako je vrijedilo išta”, “Negativ” со Тијана Дапчевиќ, “Daleko” со Борис Новковиќ, “Kao ptica na mom dlanu”, со Кики од „Пилоти“, “Ti si moja sudbina”, Саша Лошиќ од „Плави оркестар“, “Žuta ruža” со Жељко Бебек, “Laži me“ со Алка Вуица, “Ja za ljubav neću moliti” со Нина Бадриќ, “Skitnica” со Јасна Злокиќ, “Mund harmonika”, песна од филмот Балкан Експрес.
- Албумот се снимаше година дена во студиото „Croatia Records” во Загреб и дел е снимен во Белград. Аранжманот го работеше Драган Брнаѓ Фудо. За песните сме емотивно врзани, некои сме ги пееле на првите настапи кога почнувавме да се занимаваме со музика, некои родителите ни ги пуштале и со нив сме пораснале, сме им ги свиреле на пријателите, па одлучивме да си исполниме една голема желба и сите да ги ставиме на еден албум.
- Добра песна е добра и после 20 и повеќе години и треба да се негува и понуди на новите генерации.
- Планираме наскоро! Имаме голема публика во Македонија која секогаш срдечно не дочекува.
- Летото нас секогаш ни поминува комбинирано, работно и одмор. Во тек е морска турнеја, остануваме после концертот да се одмориме на море! Покрај промоцијата настапивме на фестивалот СМС Фестивал и Сплитскиот фестивал кој следува во јули.
- Некаде на плажите на Јадранот. Планираме на есен да се вратиме во Нови Сад. Покрај море, помеѓу концерти, ќе се инспирираме и ќе собереме сила за на есен кога не чека странство, Шведска, Канада и Америка.
(А.В.)