Џесика Симпсон за време на бременоста имаше проблем со неверојатни отоци. Постојано зборуваше колку ѝ е тешко и колку едвај чека да се породи.
Од недела во недела ѝ било сè потешко, а тоа го докажуваат и фотографиите објавени од тој период.
Џесика со задоволство ги споделуваше со фановите моментите од бременоста, на пример оној кога ја скршила даската од ВЦ школката. Но, сега, со последната објава неверојатно многу ги израдува своите следачи.
„Конечно ги гледам своите глуждови“, се пофалила Џесика, а мајките и трудниците кои ја следат се воодушевиле.
„Феноменално! Значи сепак има надеж и за мене“, вели една мајка.