Трамп повторно зборувал за можна војна со Иран: Зошто Пентагон распоредил трупи на Блискиот исток?

Точка

19/06/2019

17:59

1.806

Големина на фонт

а а а

Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран дополнително биле зголемени по обвиненијата на САД дека Иран нападнал два нафтени танкери во Оманскиот залив.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјавил дека ќе разгледа можност за воена акција против Иран, за да ја спречи таа земја во користењето на нуклеарно оружје. Судирот меѓу Техеран и Вашингтон ескалирал откако САД го обвиниле Иран за напад на два нафтени танкери во Оманскиот залив. 

На прашањето на новинарите дали моментално размислува за воена акција против Иран, со оглед на распоредувањето на американски трупи на Блискиот исток, Трамп останал таинствен.

"Не би го кажал тоа сега. Во овој момент навистина не можам", рекол Трамп. 

Во извештајот не било прецизирано дали претседателот елаборирал сценарио за започнување на полноправен вооружен судир со Иран околу нуклеарниот програм.

Неговата изјава уследила ден откако Пентагон изјавил дека ќе распореди 1.000 дополнителни војници на Блискиот исток "во одбранбени цели".

САД го обвиниле Иран за напад на два нафтени танкери во Оманскиот залив. Вашингтон објавил не многу јасно видео, каде наводно е прикажано како ирански морнари отстрануваат мина која не експлодирала од еден од танкерите, но не пружиле никакви други докази кои би оделе во прилог на таквите тврдења. 

Техеран го отфрлил обвиненијата, велејќи дека нема никаква врска со инцидентите во заливот.

Властите во Иран исто така објавиле дека за 10 дена ќе ги зголемат резервите на ураниум преку дозволените граници пропишани со нуклеарниот договор од 2015-та година. 

САД се повлекле од договорот минатата година и повторно вовеле санкции за Иран. Иранските власти велат дека ќе се вратат во целосна ускладеност со договорот од 2015-та ако ЕУ, уште еден потписник на Договорот, повторно ги потврди своите обврски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг