Џим Кери објасни зошто никогаш не прави селфи фотографии, а причината ќе ве натера и вие да престанете со тоа

Точка

19/06/2019

15:05

4.684

Големина на фонт

а а а

„Не сум непристоен кон луѓето, но повеќе сакам да кажам „Здраво“, „Како си?“, „Што правиш денес?“ - објаснил актерот.

Претходниот период пишувавме за тоа зошто Кијану Ривс (54) никогаш не ги допира жените кога се фотографира со нив, а сега откриваме дека неговиот колега Џим Кери (57) не поднесува селфи фотографии и дека никогаш и со никој не ги прави.


Како што објаснува Џим, никогаш не застанува само за да направи селфи фотографија со некој, а причината е феноменална.

„Одамна престанав да се обидувам да бидам нешто за некој. Не чувствувам дека постои задолжителна одговорност секој да го задоволите. Не сум непристоен кон луѓето, но повеќе сакам да кажам „Здраво“, „Како си?“, „Што правиш денес?“, отколку да правам селфи. Селфито го запира животот“ - изјавил Кери за „The Hollywood Reporter“.


„Да направиш фаца “Еххххх“.... - Кери ги имитирал луѓето кои прават селфи - И потоа тоа оди на Инстаграм за на луѓето да им даде лажно чувство на релевантност. Сите имаат “гага“ мислење за Стив Џобс, а јас го замислувам во пеколот како трча од демоните кои сакаат селфи“ - рекол Џим Кери.




Спонзорирани линкови

Маркетинг