Овде владеат најсуровите пирати на светот: Порано ги напаѓале само танкерите, а сега не бираат мета...

Точка

19/06/2019

17:06

4.167

Големина на фонт

а а а

Морето на западноафриканскиот брег кое е богато со нафта, сега е најопасното место за пловидба, покажува најновиот извештај на „Ван Ерф Фјучр“, организација која ја следи годишната активност на пиратите.

Во извештајот е наведено дека додека пиратските напади значително се намалиле во некои региони на светот, во западна Африка тие се во подем и сега се почести од било каде во светот, пренесува британски „БиБиСи“.

Строгата дефиниција на пиратски напади опфаќа само напади на бродови на отворено море, односно на повеќе од 12 наутички милји од брегот, во води кои не се под јурисдикција на било која држава.


Во територијалните води на земјите и во објектите на пристаништата, ваквите напади се дефинирани како грабежи на море. Податоците во најновиот извештај ги комбинираат овие два вида на напади со цел да се добие вкупна слика на инцидентите кои се случуваат на море ширум светот.

Само во крајбрежјето на западна Африка имало дури 112 такви инциденти. Мета на нападите не биле само огромните танкери кои што пренесуваат нафта и гас од Нигерија и Гана, туку и трговските бродови на останатите земји од регионот.


Најголемиот дел од нападите биле сконцентрирани на бродовите кои пренесувале нафта и гас, но исто така се напаѓале и рибарски бродови, па во извештајот се заклучува дека африканските пирати веќе и не ја бираат својата мета.



Спонзорирани линкови

Маркетинг