Очајно сакале син: 13-годишниот Мангал изгледа како секое друго момче, но кога ќе погледнете подобро...

Точка

19/06/2019

12:18

4.796

Големина на фонт

а а а

На прв поглед, 13-годишниот Мангал Карими делува како секое друго момче од малото село во северен Авганистан. Тој помага во домот така што носи дрва за оган и ја храни стоката на фармата на својот татко.

До втората година, Мангал бил Мадина, една од седумте ќерки чии родители одбрале тој да живее како момче. Во авганистанската традиција постои и термин за тоа – “бача пош” што во превод значи “облечена како момче”. 

Во авганистанското патријархално општество, многу повеќе се ценат машките деца дури до таа мера што семејството кое нема ниту едно машко дете се смета за нецелосно.


Девојчињата се одгледуваат така што им се става до знаење дека тие претставуваат товар на семејството. Жените не можат да заработуваат пари, да го издржуваат семејството и не можат да живеат сами, па затоа не е чудно што во такво општество се практикува “бача пош”.

Оваа промена е привремена. Имено, се очекува машкиот идентитет да се отфрли кога децата влегуваат во пубертет и тогаш повторно да живеат како девојчиња, што не е секогаш лесно. Овој обичај опстојува веќе со векови благодарение на суеверието. Се верува дека “бача пош” ќе ја промени судбината на детето и дека следното дете кое ќе се роди во семејството ќе биде машко.


Родителите на Мангал очајно посакувале син. И двајцата тврдат дека ја одгледувале својата ќерка како син за да им помага во домот и на фармата.

“Ги сакам сите свои ќерки, но Мадина ја сакам уште повеќе бидејќи ја храни стоката, служи храна и извршува слични обврски. Освен тоа, нема разлика помеѓу нив”, изјавил таткото на Мангал.


Мангал сака да биде машко и во слободно време игра фудбал со другите момчиња. Додава и дека сепак би сакал повторно да биде девојче кога ќе порасне. Љубовта кон машките деца во Авганистан има длабоки корени. Момчето е тоа кое сече дрва, ја ора нивата, патува самостојно и работи надвор од домот. Кога ќе се ожени, неговата сопруга и децата стануваат дел од семејството.

За девојчињата, работите се многу поинакви. Од нив се очекува да бидат срамежливи и да помагаат во домашните обврски.

“Постои верување дека семејството кое нема машко дете ја пополнува празнината на ваков начин. Не го сметам Мангал за син. Ние знаеме дека таа е девојче и во иднина ќе носи женска облека и ќе се омажи”, додал таткото.


Во меѓувреме, Мангал продолжува со своите должности како син на семејството додека неговите сестри остануваат во внатрешноста на домот, скриени од погледот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг