Актерката ја откри избришаната сцена од „Игра на тронови“ со Серси која можеби ќе променеше сè

Точка

19/06/2019

12:00

2.850

Големина на фонт

а а а

Актерката Лана Хиди која во „Игра на тронови“ ја толкуваше улогата на Серси откри дека постои избришана сцена која нејзиниот лик можеби ќе го прикажеше во друго светло и која ќе ги објаснеше некои нејзини постапки.

Лана на една конвенција во Минхен откри дека Серси го изгувила детето кое го зачна со својот брат Џејми Ленистер. Спонтаниот абортус кој се случил на крајот од седмата сезона бил снимен, но таа сцена на крајот е исечена од серијата.


„Таа сцена ми беше драга затоа што мислам дека ликот на Серси би го прикажала во поинакво светло“ - изјавила Лана.

Актерката претходно изјави дека не била задоволна од начинот на кој Серси почина во серијата.

„Сакам поубава смрт за неа. Размислував за тоа како би можела да умре затоа што во серијата тоа можеше да се случи на многу начини. Бев малку разочарана. Но, мислам дека никако не можеа да ги задоволат сите очекувања што и да направеа“ - раскажала Лана за „Guardian“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг