Еве ја причината зошто Хари ѝ рече на Меган да се заврти напред додека стоеја на балконот

Кармин

18/06/2019

20:02

8.097

Големина на фонт

а а а

Кратката снимка од разговорот на Хари и Меган Маркл, од балконот на Бакингамската палата, на која војвотката изгледа како во секој момент да ќе заплаче, минатата недела ги обиколи сите светски медиуми.

На снимката изгледа како Меган да се обидува да му се обрати на принцот, кој во тој момент ѝ вели да се заврти напред. На многумина им изгледаше како на Меган да ѝ е многу непријатно и како да е на раб на плачење, но сега се појави подолга снимка и објаснување што точно се случило.

На подолгата снимка се гледа дека Хари разговара со некој кој е во внатрешната страна на балконот. Меган неколкупати се врти и нешто му зборува на Хари, кој се обидува да задржи неутрален израз на лицето. Сето тоа се случува неколку секунди пред да почне химната, па Хари на Меган ѝ вели да се заврти напред додека трае химната.

Меган сè уште не се снаоѓа најдобро со кралскиот протокол, па нејзиниот сопруг често директно ѝ дава насоки како да се однесува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk