Кога станува збор за кавга, некои од луѓето се извинуваат веднаш додека пак другите не сакаат да признаат дека се виновни. Со тоа има врска и знакот од зодијакот: Дали сте родени во духот на мирот и знаете ли да се извините за грешка?
Вие сте искрени, што значи дека не ви е страв да признаете и да се извините кога некој ќе повредите. Иако ќе признаете дека сте виновни, никогаш нема да се извините за нешто што не сте го направиле.
Од сите знаци, од вас е најтешко да добиете извинување поради вашата тврдоглава природа и страв. Вие нема да признаете грешка без доказ и очевидци. Но, кога ќе се извините тоа го мислите најискрено што можете.
Вие често не сте ни свесни дека сте направиле нешто лошо. Брзо преминувате преку повредените чувства и претпоставувате дека тоа го прават и другите луѓе. Дури и со најсилните докази, ретко ќе се извините и ќе ја признаете грешката, но сепак нема да ја поправите.
Знаете кога сте направиле нешто и веќе имате подготвено извинување кое секогаш е искрено и од срце. Многу сте емоционални и ранливи па затоа кога ќе го пвредите некој вие патите колку и тој самиот.
Толку многу сте шармантни па дури и кога ќе ја признаете својата грешка може да направите жртвата да се чувствува виновна. Немате намера да повредите некој, но често го правите тоа што не смеете и ја засрамувате другата личност. Ќе се извините само доколку другата личност ви каже дека сте ја повредиле.
Никогаш никого нема намерно да повредите. Кога знаете дека нешто сте погрешиле веднаш ќе направите сè само за да ги поправиите грешките. Вашето извинување секогаш е како прегратка околу срцето.
Подобро ќе молчите и нема да направите ништо за да не предизвикате кавга. Кога се работи за извинување често знаете да ги напуштите своите принципи за да ја усреќите другата личност. Меѓутоа, поради тоа некои луѓе нема да ги направите искрени.
Не верувате во грешки туку сметате дека сè има врска со судбината затоа често не се извинувате за своите дела. Мислите дека никогаш не сте направиле ништо лошо, па зошто тогаш да се извинувате?
Често грешите, но и брзо се трудите да се извините за грешката. Сепак подобро ќе купите поклон како знак за извинување, отколку да кажете дека ви е жал. Сепак повеќе нема да ја повторите истата грешка.
Тврдоглави сте па затоа многу тешко ви е да се извините. Ќе ви биде жал, но сметате дека работите ќе поминат многу полошо отколку што ќе бидат. Меѓутоа кога конечно ќе се извините вие сте директни и сакате да ѝ докажете на личноста дека тоа повеќе нема да се случи.
Не сте склони кон извинување, освен ако сте направиле нешто катастрофално погрешно. Често мислите дека сте во право, но кога ќе се извините тоа е од срце. Дури и кога работите се напнати го цените тоа што другите луѓе го прават за вас.
Мразите да се карате со пријателите, но кога треба да застанете до тоа што е исправно тоа ќе го направите. Во расправиите секогаш зборувате во име на правдата. Лесно ќе се извините доколку некој повредите дури и во ситуации каде што извинувањето не е важно, туку поважно е решението.