Многу родители ја нападнале интернет ѕвездата поради објавата дека во авион попрво би седела покрај животно отколку покрај бебе.
Ангела Панари (24), со своите 1,9 милиони следачи на Инстаграм споделила фотографија од лет, каде се пожалила од дете кое плачело во нејзина близина.
Актерката и манекенка од Индонезија, редовно објавува гламурозни фотографии и снимки од своите патувања од целиот свет. На Инста-Стори напишала дека попрво би им дозволила влез на домашни животни во авион, отколку на бебиња.
После само пет минути ја избришала објавата, но некој направил скриншот кој станал вирален. Многу родители ја обвиниле за нечувствителност.
„Пред да пораснеш и ти си била бебе. Сакаш да си била оставана дома? Твоите родители попрво да земат животно, наместо да те земат тебе? Размисли“, порачала една бесна мајка.
„Се извинувам за грешката која ја направив, бидејќи сум емотива“, рекла Панари за индонезискиот магазин Детик Хот.
„Бев лута, па го објавив тоа Стори. Ветувам дека нема да го повторам тоа однесување и ова ми е лекција.“
Подоцна додала дека се чувствувала лошо поради објавата, кога ја видела мајката на детето. „Ми беше жал за неа, бидејќи изгледаше како да е под голем стрес, а нејзиното бебе уште беше хистерично“, рекла Ангела.
Панари ја започнала својата кариера во 2010-та година, кога учествувала во натпревар за насловна страна на тинејџерски магазин. Подоцна се појавила во бројни сапуници, а стекнала голема популарност и на социјалните мрежи.
Неодамна ја поддржала кампањата за намалување на нивото на пластичен отпад во Индонезија и ширум светот.