WIndows 10 предупредување: Не наседнувајте на оваа порака затоа што ќе ви ги укради важните податоци

Точка

18/06/2019

15:40

1.354

Големина на фонт

а а а

Microsoft испрати важно предупредување за корисниците во врска со новата измама. Корисниците на Windows 10 добија предупредување во врска со новата измама која се обидува да ги наговори луѓето на хакерите да им ги дадат своите кориснички имиња и лозинките.

Измамата е фокусирана на сите кои го користат OneDrive сервисот на Microsoft.

OneDrive е интегриран во Windows 10 и нуди до 5 GB простор за складирање на податоци за документи, фотографии и други фајлови.

А целата измама почнува кога OneDrive корисниците ќе добијат порака која изгледа како важно известување коe стигнува преку меил од серверот.

Жртвата потоа добива предупредување дека ќе биде испратена енкриптувана порака која всушност е лажна и ве тера да се логирате на лажен OneDrive сајт.

Ова е само еден од многуте начини на кој хакерите и сајберите криминалци се обидуваат да дојдат до личните податоци на корисникот.


Еднаш кога некој ќе внесе свое корисничко име и лозинка за да се логира на лажнит сајт, напаѓачите подоцна можат да ги искористат.

Една од работите која открива дека станува збор за измама е URL-то на OneDrive страницата.

Тоа URL ги носи корисниците на адреса која не е официјалната Microsoft страница, а хакерите дури не се ни обидуваат да го сокријат тој факт.

Доколку на некој начин сте наседнале на оваа измама, Microsoft има посебна страница за пријавување на вакви проблеми.




Спонзорирани линкови

Маркетинг