Еве зошто е опасно да ја излижете лажицата од филот за колачи

Точка

18/06/2019

15:10

4.276

Големина на фонт

а а а

Не постои таква домаќинка која прави колачи и не може да одолее да не ја излиже лажицата од филот. Многумина од нас сакаат да ја излижат лажицата додека правиме колачи, но колку всушност е тоа опасно и дали може да ни стане лошо од тоа?

Може, велат експертите. Како и од секоја храна во која намирниците се сирови јајца. Како на пример мус од чоколадо, разни преливи и слично. Смесата од сирови јајца носи ризик од салмонела, бактерии кои предизвикуваат диареја, повраќање и останатите грди симптоми. Еден сигурен начин да се избегне салмонелата е термичка обработка на јајцата, па препораките се секое јајце пред консумирање да се обработи.


Внимателно со јајцата

Јајцата треба да се чуваат во фрижидер на температура пониска од 4 степени, а напукнатите јајца треба одма да се фрлат. Треба да се подготвуваат додека жолчката и белката не се готови, а рецептите кои содржат јајца треба да бидат приготвувани на температура од 71 целзиусов степен.

Остатоткот од храната веднаш треба да се врати во фрижидер и треба да се одбегнуваат сирови или меко приготвени јајца, а тоа посебно важи за децата и постарите луѓе. Преливите како оној за Цезар салатата треба да бидат правени од пастеризирани јајца, препорачуваат од Центарот за болести и превенции.

Со салмонела може да се заразите со консумирање на заразени намирнии од животинско потекло - јајца, производи од јајца, месо, месни производи, млеко, млечни производи.

Како да знаете дали сте заразени?

Болеста по инкубацијата која трае од 12 до 24 часа, почнуваат нагло. Симптомите се грозница, температура (до 40 степени), главоболки, болки во стомакот, мачнини, повраќање и дијареа. Болеста може да потрае и до една недела, а поголем дел од од нив не треба да се лечат со антибиотици.





Спонзорирани линкови

Маркетинг