Microsoft размислува за воведување на специјално копче за Office на тастатурата

Точка

18/06/2019

16:19

1.474

Големина на фонт

а а а

Компанијата Microsoft размислува за додавање на специјално копче на тастатурата преку кое ќе се контролира Office.

Новото копче би овозможило активирање на повеќе функции поврзани со Office апликациите, вклучувајќи ја и можноста за брзо споделување на документот и сите фајлови.

Од Microsoft веќе подолго време спроведувале истражување меѓу тестерите на копчето за Office, кои испраќале повратни информации за нивното искуство од користењето и функционалноста на новото копче кое засега не е познато каде би било позиционирано на тастатурата.


Многумина сметат дека од Microsoft планираат да го заменат секундарното Windows копче на десната страна од тастатурата со специјално копче наменето за Office. Во програмата за тестирање можат да учествуваат сите со корисничка сметка на Microsoft, а прашањата се однесуваат на клучните shortcuts, како и тоа дали тестерите би сакале да добијат вакво копче на тастатурата.

Microsoft има специјално Windows копче на тастатурите веќе 25 години, поточно откако се појави тастатурата Microsoft Natural во 1994-та година.

Повеќето од тастатурите денес имаат две Windows копчиња или дополнително копче за мени, затоа што Microsoft не ги сертифицира тастатурите за користење на нивниот оперативен систем Windows доколку нема специјални копчиња со Windows ознаката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг