Ова е најголемата тајна на СССР: Никој не знае каде исчезнало златото на Комунистичката партија

Точка

18/06/2019

14:36

1.670

Големина на фонт

а а а

Судбината на златото на Комунистичката партија на Советскиот сојуз веќе 30 години ја интригира јавноста во Русија и целиот свет.

Со распадот на СССР се создаде фама околу парите кои со децении се слевале во касата на Комунистичката партија на Советскиот сојуз. После неуспешниот пуч на едно крило на КПСС во 1991-ва година, полицијата упадна во трезорот на Централната банка каде пронајде „само“ 240 тони злато, иако Комунистичката партија располаагала со далеку поголеми количини на злато.

Сомнежите ги подгреаа низата на самоубиства на комунистичките чиновници, па така за само еден месец тројца сметководители на партијата извршија самоубиство со скокање од прозорите во зградите каде што живееле.

Според истражувањето на руската телевизија „Звезда“, веднаш после пучот имало неверојатна серија на самоубиства во Советскиот сојуз – во следните неколку месеци дури 1,746 партиски чиновници си го одзеле животот.


Со оглед на тоа што никој не знаел каде исчезнало златото, на почетокот на 90-тите министерот Јегор Гајдар ја ангажирал американската агенција „Крол“ која се занимавала со трагање по тајните сметки на највисоките светски лидери. Американската агенција требала да открие дали навистина Комунистичката партија на СССР располагала со огромни количини на злато.

Инаку, Комунистичката партија само од месечната членарина која изнесувала од 1,3% до 3% од платата на секој член на партијата, заработувала милиони долари секоја година, а исто така се продавала и литература која граѓаните практично морале да ја купуваат.

Партијата поседувала хотели, санаториуми и огромен број на административни згради, а се претпоставува дека партијата во тоа време годишно имала приход од 3 милиони долари, додека истовремено можела да земе пари и од државната каса. Кога државата се распаднала, парите биле транспортирани во странство преку мрежа на банки која СССР ја основале на Западот. Според пресметките на руска „Звезда“, од СССР после распадот излегле неверојатни три илјади милијарди долари.


„Партијата од повеќе пари ги префрлала парите во странство и таму ги вложувала. Таму се отвораа компании кои меѓу другото ја финансирале и разузнавачката активност на СССР. Тие компании и денес се многу успешно и иако сите мислат дека тоа се западни компании, тие всушност се направени од советски пари“, вели рускиот аналитичар Игор Привалов.

Американската агенција „Крол“ инаку му поднела извештај на Гајдар, но се останало на тоа. Истрагата сопрела, извештајот исчезнал. Министерот набрзо потоа ниту еднаш јавно не проговорил за комунистичкото злато. Според руските медиуми, во извештајот се наоѓале имињата на бројни луѓе од Комунистичката партија кои ги распределиле парите, а против нив тој не се осудил да проговори.

„Обрнете внимание, децата на сите членови на Политбирото, сите нивни семејства, откако се распадна земјата, сите заминаа во странство. Сите тие и денес живеат во странство. Што мислите, дека тие живеат од плата? Секако дека не“, заклучи рускиот аналитичар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг