Бројни обожаватели се сеќаваат на телевизиската актерка, Лана Гојак, со метално апаратче во устата и очила со диоптер. Во меѓувреме оваа актерка го смени изгледот.
По популарноста на шпанската серија „Yo soy Betty, la fea“ и американската верзија „Ugly Betty“, пред нешто повеќе од 10 години на екраните пристигна и хрватската верзија со наслов „Ne daj se Nina“.
Главната улога ја имаше Лана Гојак (35) која ја толкуваше улогата на Нина Брлек, девојка со неугледен изглед, но образована и интелигентна. Благодарение на своите способности Нина се вработи во престижната хрватска модна куќа „H- Moda“.
Неодамна, Гојак на својот Инстаграм профил објави фотографија во костум за капење и ги воодушеви сите свои следбеници. Актерката позирала во атрактивен црн костим за капење и ја истакнала својата совршена фигура.
„Изгледаш предобро. Не можам да верувам дека тоа си ти“ - некои од коментарите.
Лана и понатаму е активна во светот на актерството, снимила десеттина серии, како што се: „Чиста љубов“, „Изборот на Лара“, а матична куќа ѝ е Хрватскиот народен театар во Загреб.