Трамп го избркал шефот на администрацијата: „Излегувај надвор, па таму кашлај!“

Точка

18/06/2019

12:19

3.158

Големина на фонт

а а а

Во текот на интервјуто на претседателот Доналд Трамп за Тв „ABC News“, шефот на администрацијата на Белата куќа, Мик Молвени, толку многу кашлал што Трамп го избркал од Овалниот кабинет.

Оваа сцена е емитувана во неделата, во специјалот во кој Трамп зборувал за истрагата во врска со наводното мешање на Русија во претседателските избори на претходниот претседател Барак Обама и лошите резултати на неодамна спроведеното истражување, пренесуваат од „Дејли Мејл“.

Во моментот кога зборувал за финансиските извештаи се видело дека Трамп е многу изнервиран поради Молвени кој стоел позади камерата и постојано кашлал.

„Тој кашла во текот на мојот говор. Не ми се допаѓа тоа, знаеш, не ми се допаѓа!“- рекол Трамп.

Кога новинарот му кажал дека тоа е шефот Молвени, Трамп се свртел кон него и му рекол да ја напушти просторијата.

„Доколку продолжиш да кашлаш, те молам напушти ја просторијата. Не може да кашлаш, о боже!“ - рекол Трамп.

Кога Молвени излегол, Трамп го продолжил интервјуто кое траело еден час.




Спонзорирани линкови

Маркетинг