Испливале стари снимки кои покажуваат дека Јоланда Хадид е мајка од пеколот: Ѝ го броел секој залак на Џиџи, а Бела за неа била невидлива

Кармин

18/06/2019

11:51

7.394

Големина на фонт

а а а

Ако сметате дека Крис Џенер е грозна мајка која се однесува кон своите деца како да се машини за правење пари, Јоланда Хадид и нејзиниот начин на воспитување на ќерките ќе ве остави без зборови.

Сестрите Џиџи и Бела Хадид денес се најуспешното манекенско дуо, а пред да се прослават на модните писти, тие се појавувале со својата мајка Јоланда во реалното шоу “The Real Housewives of Beverly Hills”. 


Веројатно многумина заборавиле на тоа, но кога на интернет повторно се појавија исечоци во кои девојките разговараат со својата мајка, гледачите останале згрозени од начинот на кој Јоланда разговара со ќерките, особено со Џиџи во која очигледно имала повеќе надеж.

Од снимката е кристално јасно дека Џиџи сакала да се занимава со одбојка, а Јоланда била против тоа, додека ја игнорирала Бела како да е невидлива.

“Одбојката е машки спорт, а манекенството е женствено”, коментирала Јоланда. “Понекогаш мора да се откажеме од работите кои ги сакаме”, додала таа.

Освен тоа, очигледно е дека таа многу внимавала што и колку јаде Џиџи, која со манекенство се занимава од својата трета година. Еден од побизарните разговори е оној за нејзиниот роденден.


“Возбудена сум поради храната, сè што ќе изедеме е всушност срцев удар, но ќе биде многу добро”, рекла Џиџи, а мајка ѝ и напоменала: “Но, потоа мораш да се вратиш на својата диета. Во Париз и Милано сакаат послаби девојки”.

Јоланда се пофалила дека носи ист број на облека како и нејзините ќерки и се пожалила дека тие ѝ ја позајмуваат облеката, што исто така ги разбеснило коментаторите под видеото.


“Дали е до мене или Јоланда е пример за токсична мајка?”, прашал еден од нив, додека друг заклучил дека покрај Јоланда дури и Крис Џенер изгледа како одлична мајка.

“Џиџи и Бела ми станаа многу посимпатични, нивната мајка е ноќна мора”, коментирал трет.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk