Хуавеј со загуба од 30 милијади долари

Макфакс

18/06/2019

08:46

1.199

Големина на фонт

а а а

Основачот и директор на Хуавеј, Рен Женгфеи потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат за 30 милијарди долари помали отколку што е планирано за наредните две години, споредувајќи ја компанијата со тешко оштетен авион, како последица на активностите на американската администрација.

,,Никогаш не мислевме дека САД ќе бидат толку одлучни и цврсти за да го нападнат Хуавеј”, рече тој.

Зборувајќи на дискусија во седиштето на компанијата во Шенжен, Рен потврди дека продажбата на мобилните телефони во странство паднала за 40 проценти. Иако не даде дополнителни детали, портпарол на Хуавеј подоцна објасни дека се работи за пад во продажбата од 40 отсто во периодот мај-јуни по заканите со санкции од САД. Но, според Рен, продажбата во Кина расте.Хуавеј стана втор најголем продавач на смартфони минатата година, пред Епл а веднаш зад Самсунг, како и најголем светски дистрибутер на опрема за телекомуникациски мрежи.

Во 2018, Хуавеј продал вкупно 206 милиони смартфони, половината во странство, а останатото во Кина.

Кинескиот телекомуникациски гигант се соочува со длабока криза по заканите од САД дека ќе го стават на црна листа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг