САД испраќаат 1.000 војници на Блискиот Исток

Макфакс

18/06/2019

08:38

490

Големина на фонт

а а а

САД ќе испратат околу илјада војници и воена опрема на Блискиот Исток како одговор на „заканата“ од Иран. Патрик Шанахан, вршител на должноста министер за одбрана на САД потврди дека одобрил префрлање на околу илјада војници за одбранбени цели поврзани со закани од воздух, море и копно на Блискиот исток.

Според него, мерката е во прилог на безбедноста на веќе присутните воени служби и заштита на националните интереси на САД во регионот. Тој додаде дека САД вршат мониторинг на теренот и можат да донесат одлука за раширување на военото присуство зависно од разузнавачките извештаи и кредибилните закани.

Пентагон објави нови снимки за зајакнување на обвинувањата дека Иран бил одговорен за нападите врз два такера за нафта во минатата недела во Ормускиот залив. Повеќето од снимките биле направени од американски воен хеликоптер и на нив се прикажува како иранските сили отсрануваат неексплодирана мина од јапонскиот танкер. Според Вашингтон, станува збор за отстранување на доказите од местото на настанот.

Иран се наоѓа под строги санкции наметнати од САД откако Вашингтон истапи од Заедничкиот продлабочен план (ЈЦПОА), или таканаречаниот нуклеарен договор склучен меѓу Иран и петте постојани членки на ОН плус Германија. Експертите сметаат дека САД и Иран влегуваат во конфликт, посебно по вчерашното соопштение од иранско официјално лице дека Техеран ќе ги намали обврските кон ЈЦПОА и ќе почне збогатување на ураниум за изградба на атомска бомба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг