Пелегрини им возврати на Шпанците: Треба да учат од нас

Точка

18/06/2019

10:04

473

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Италија до 21 година ја совлада Шпанија со 3:1 на Европското првенство, иако Шпанците имаа водство на натпреварот.

По натпреварот, капитенот на Шпанците, Хесус Валехо изјави дека ииграчите на Италија играле премногу валкано, на што веднаш доби одговор од младиот италијански репрезентативец, Лоренцо Пелегрини.

„Тие треба да учат од нас. Шпанските играчи мора да сфатат дека постои физички контакт во фудбалот. Многумина од нив претераа“, изјави Пелегрини и додаде:

„Кога станува збор за техничкиот квалитет, треба да им симнеме капа, но за се останато тие треба да учат од нас“, изјави Пелегрини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг