„Лукаку треба да го напушти Јунајтед“

Точка

18/06/2019

09:08

1.014

Големина на фонт

а а а

Лукаку веќе подолго време се поврзува со трансфер во Интер и голема е веројатноста веќе ова лето Белгиецот да се пресели во Милано.

Селекторот на белгиската репрезентација, Роберто Мартинез смета дека најдобро за Лукаку е да го напушти „Олд Трафорд“ ова лето.

„Јасно е дека Лукаку треба да го напушти Јунајтед. Тоа би било добро за него и за клубот. Сега останува на него да пронајде клуб кој ќе му одговара“, изјави селекторот на Белгија, Роберто Мартинез.

Ромелу Лукаку неодамна изјави дека Антонио Конте за него е најдобриот тренер на светот и дека би сакал еден ден да заигра во Серија А, со што практично го најави неговиот трансфер во Интер. Сепак, сега Интер и Јунајтед ќе треба да се договорат околу висината на обесштетувањето која „Нераѕурите“ ќе мора да ја исплатат за Белгиецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг