Се закани дека ќе открие многу тајни, па падна на подот: Морси неколку минути пред да почине доби дозвола да се обрати, но...

Точка

18/06/2019

09:53

2.710

Големина на фонт

а а а

Неколку минути пред да почине, поранешниот претседател на Египет, Мухамед Морси предупредил дека има многу тајни да открие, открил анонимен судски службеник.

Според неговите зборови, Морси седејќи зад стаклениот параван побарал обраќање до судот, а судијата му дал дозвола. Сепак, и покрај тоа што добил дозвола за обраќање, 67-годишниот Морси се воздржал од „откривањето на тајните“, затоа што тие можеле да ја нарушат националната безбедност на Египет.

Еден од адвокатите на Морси, Камел Мадур изјавил дека поранешниот претседател на Египет бил „мирен и организиран“, а според него, Морси не откривал тајни затоа што е „патриот, го сакал Египет и неговиот народ“.

Синот на поранешниот египетски претседател, кој е еден од челниците на лондонскиот огранок на контроверзното Муслиманско братство, инаку забранета организација во Египет и повеќе земји на Блискиот исток, на Фејсбук порачал дека смртта на неговиот татко е „убиство со предумисла“ и додал дека Морси не ги добивал потребните лекови.


„Ставен беше зад стаклен кафез. Никој не можеше да слушне или да знае што се случува со него. Немаше никакви посети со месеци, речиси една година. Се жалеше и дека не добива лекови. Ова е убиство со предумисла, ова е бавна смрт“, порача Ахмед Судан.

Морси својот политички подем го започна како член на Муслиманското братство и беше избран за претседател во 2012-та година, наследувајќи го Хосни Мубарак во првите слободни избори одржани во Египет.

Тој во 2013-та година беше срушен од власт со државен удар, на чие што чело беше генералот на египетската армија Абдел Фатах Ел-Сиси. Набрзо беше уапсен после држаавниот удар и осуден на затворска казна од 20 години, затоа што им наредил на припадниците на Муслиманското братство да ги разбиваат протестите на народот против него.


По доаѓањето на власт, Ел-Сиси веднаш го прогласи Муслиманското братство за терористичка организација, а од 2013-та година во Египет се уапсени десетици илјади припадници на оваа контроверзна организација, најчесто радикални исламисти, но и други активисти кои учествуваа во Арапската пролет во 2011-та година.

Морси последните денови од својот живот ги помина во таканаречениот „шкорпионски затвор“ за кој бројни организации за човекови права тврдат дека условите во казнената установа се под египетските и меѓународните стандарди.



Спонзорирани линкови

Маркетинг