Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјавил денес дека наводите на New York Times дека САД внеле потенцијално штетни вируси во руската електромрежа, покажува дека сајбер војната во теорија е можна.
Американскиот весник во саботата објавил текст, повикувајќи се неименувани актуелни и поранешни службеници на американската влада, за внесување на американски компјутерски код внатре во руската мрежа и други мети.
Запрашан да ги прокоментира тие наводи, Песков рекол дека таа информација несомнено покажува хипотетичка можност за сајбер војна и воени сајбер акции против Русија.
Песков додал дека неиуменувани стратешки делови од руската економија претрпеле сајбер напади од надвор многу пати претходно и дека руските власти константно вложуваат напори економијата и нејзините чувствителни делови да се одржат безбедни.