Доналд Туск сослушан поради затајување данок

Макфакс

17/06/2019

19:55

493

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, одговара пред полската комисија која ги истражува големите случаи на затајување данок во времето кога тој беше премиер на земјата.

Сослушувањето на Туск се смета како обид на владејачката Партија на право и правда, неговиот најголем ривал да го дискредитира пред есенските избори.

Членовите на комисијата го запрашаа Туск зошто неговата влада не ги запрела нелегалните дела на приватните претприемачи од 2007 до 2014 година, предизвикувајќи големи загуби во државниот буџет. Претходно, друга комисија го испитуваше Туск за авионската несреќа во 2010 година во која беше убиен тогашниот претседател Лех Качински, братот близнак на лидерот на Партијата на право и правда, Јарослав Качински.



Спонзорирани линкови

Маркетинг