Каталин Онц и неговата сопруга Елена Енгелхард од Германија, патуваат низ светот, а досега ги посетиле Индонезија, Франција, Нов Зеланд и Австралија.
Во моментов бараат парични средства за возење со велосипеди од Германија до Африка за што им се потребни 16.229 долари.
Побарале од своите 34 илјади следбеници да им донираат пари затоа што не можеле да работат. Како што велат тие, работата би била штетна за нивниот начин на живот и не постојат многу работи за кои се квалификувани.
„Некои ќе ни речат да си најдеме работа и да престанеме да молиме за пари. Но, кога имате вакво влијание за туѓите животи какво што имаме ние, пронаоѓањето работа не е опција“ - напишале на својот Инстаграм профил.
Фановите не ја препознале нивната амбиција ниту пак целта, па сите вкупно им донирале околу 130 долари, а потоа овие инфлуенсери се обратиле на мајката на Каталин.
„Мојата мајка работи две работи и таа нè финансира. Не ѝ баравме пари, но неа ѝ е драго што може да помогне. Мамо, ова не е за нас туку за илјадници други луѓе на кои ќе им помогнеме со ова патување“ - напишале и додале дека патувањето има цел да го сврти вниманието на менталните болести, но на никој не му е јасно на кој начин.