Грозна разделба меѓу Тоти и Рома: "Не сакам да бидам дел од тоа"

Точка

17/06/2019

15:51

1.962

Големина на фонт

а а а

Легендарниот капитен на Рома, Франческо Тоти поднел оставка на местото директор и го напуштил клубот во кој минал точно три децении.

Тоти образложил дека заминува бидејќи претседателот Џејмс Палота не му дал улога да одлучува во оперативна смисла, односно смета дека лидерите на клубот цело време го "држат на страна". 

"Долго размислував, одлуката е тешка. Би рекол дека не е само моја вина, но морав да поднесам оставка, иако се надевав дека не е неопходно. Дојде болен ден за мене", рекол Тоти на вонредна конференција за медиуми.

Тоти и забележува на управата за тоа што во ниеден момент не можел да даде голем придонес.

"Првата година беше таква што прифатив, но втората сфатив дека не сакам да бидам дел од тоа", порачал Тоти, додавајќи дека добил многу ветувања, но дека никогаш не биле исполнети.

Тоти минатата сезона работел заедно со Рамон Мончи во спортскиот дел, но по враќањето на Шпанецот во Севиља, не добил улога каква што сакал.

Несогласувањата со Палота траат уште од 2017-та година, кога практично бил принуден да оди во играчка пензија, слично како што неодамна не му бил понуден нов договор на неговиот поранешен соиграч и голем пријател Даниеле Де Роси.

Тоти во Рома бил од 1989-та година и срушил бројни рекорди. Има одиграно најмногу натпревари во тој дрес (786) и дал најмногу голови (307).




Спонзорирани линкови

Маркетинг