„Евросупер БС 95“ поскапува половина денар

Макфакс

17/06/2019

14:26

1.178

Големина на фонт

а а а

Бензинот „евросупер БС 95“ од ноќеска на полноќ ќе поскапи половина денар, а цените на „евросупер БС 98“ и на дизелот остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Со новата одлука малопродажната цена на „евросупер БС 98“ останува 69 денари за литар, на дизелот 60 денари за литар, а „евросупер БС 95“ ќе се продава 67 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,848 денари за килограм и новата цена изнесува 33,003 денари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг