Ѝ била најдобра пријателка, а сега еден детаљ потврдил дека е љубовница на Вилијам: Нов скандал ја тресе Бакингемската палата

Кармин

17/06/2019

10:13

8.312

Големина на фонт

а а а

Нов скандал ја тресе Бакингемската палата – наводната љубовница на принцот Вилијамс “трчала” околу него и Кејт без прстен на рака и повторно отпочнала гласини за аферата.

Иако многумина биле уверени дека помеѓу Кејт Мидлтон и принцот Вилијам е сè во ред, детаљ кој испливал за време на посетата на Трамп во Велика Британија шокираше многумина. Имено, наводната љубовница на Вилијам, Роуз Ханбури на државниот банкет се појавила сама и без прстен на раката. 


Поранешната манекенка била во палатата како една од 170-те поканети гости, а овој детаљ “распалил оган” за гласините кои кружат веќе некое време.

Исто така било сомнително што на банкетот Роуз и Кејт седеле на спротивни страни во танцувачката сала. Иако на времето биле исклучително блиски пријателки, тие многу се оддалечиле во последните неколку месеци поради шушкањето за “пријателството” помеѓу Роуз и Вилијам, за кое Кејт рекла дека се чисти глупости. Пријателите на Роуз тврдат дека поранешната манекенка е многу осамена, а многу кои ја познаваат неа и Кејт не знаат на чија страна треба да застанат.

Во март се пишуваше дека војвотката од Кембриџ почнала да ја избегнува Роуз, а овој скандал направил голем проблем во кралското семејство до таа мера што морале да ангажираат посебна служба за односи со јавноста која се занимава исклучиво со Роуз.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk