Помпео најави војна против Иран: Нема да бараме одобрување од Конгресот за напад на Техеран

Точка

17/06/2019

14:40

3.148

Големина на фонт

а а а

Според шефот на американската дипломатија, сега „сите опции се на маса“ кога станува збор за спорот помеѓу Вашингтон и Техеран.

„Соединетите Американски Држави разгледуваат цел спектар на опции за спротиставување на Иран. Ние неколку пати за тоа го информиравме претседателот Доналд Трамп и ќе продолжиме да го информираме“, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Одговарајќи на прашањето на новинарите дали САД разгледуваат и воена опција против Иран, шефот на американската дипломатија накратко одговори: „Секако“.

Помпео додаде и дека „претседателот Трамп многу јасно кажал дека не сака да има војна“, но исто така, американскиот државен секретар додаде и дека Трамп исто така ги разгледува сите опции кои треба да се превземат за Техеран да не добие нуклеарно вооружување.

Американскиот државен секретар јасно даде до знаење дека администрацијата на Доналд Трамп, нема да побара одобрување од американскиот Конгрес за евентуален воен напад на Иран.

„Ние, во секој случај имаме надлежност да ги заштитиме американските интереси. Не заборавајте, тие нападнаа американски дрон“, порача Помпео.

Да потсетиме, Хути бунтовниците од Јемен, кои што имаат директна поддршка од Иран, на почетокот на овој месец соборија американски извиднички дрон “MQ-9 Reaper”, а ова го потврдија и од Централната команда на американските вооружени сили која е одговорна за Блискиот исток и централна Азија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг