Тие први минале низ чернобилскиот пекол: Исповед на инженерите чија храброст спасила 30 милиони луѓе! Еве од колкава пензија денес живеат

Точка

15/06/2019

14:39

9.301

Големина на фонт

а а а

Не сум херој. Тоа ми беше работа. Да не го направев тоа, ќе ми дадеа отказ. Како ќе најдев работа после тоа, рекол Олексиј Ананенко, еден од тројцата инженери кои непосредно по чернобилската експлозија влегле во подземен тунел под оштетениот реактор за да го отворат виталниот вентил за одвод.

Имено, како работниците испумпувале големи количини на вода, под реакторот се направиле базени. Со ставање на песок и олово, огнот не бил изгасен, туку почнал да се претвора во лава која би можела да дојде до базенот и да предизвика вистинска термална експлозија која би ги уништила и останатите реактори, што би значело смрт за речиси 30 милиони луѓе. 

Некој морал да ја испушти водата од тие базени, и тоа рачно. За таа задача биле потребни три лица. Спротивно од некои извештаи дека нуркачите настрадале од радијација, сите тројца преживеале. Шефот на смена Борис Баранов починал во 2005-та од инфаркт, додека Валериј Беспалов и Олексиј Ананенко, двајцата главни инженери на едно од одделенијата на реакторот, и натаму се добро и живеат во Киев. Олексиј Ананенко на новинарите им рекол дека постојат неколку неточности во серијата. Тој и другите двајца не се пријавиле доброволно, туку биле на смена, па таа задача им следувала. Никој не ги прашал дали сакаат да одат, ниту им била понудена било каква награда. Едноставно отишле бидејќи морале и тоа без страв.

Исто така, нивните лица само делумно биле прекриени со респиратори за да можат да зборуваат меѓу себе, но не добиле ни аплауз по успешното враќање. "Тоа ни беше само работа. Кој би аплаудирал за тоа?", се прашува Ананенко.

Ананенко продолжил да работи во нуклеарна централа се до пензијата во 2017-та година. Добил одликувања од Советскиот Сојуз и Украина и има месечна пензија од околу 370 евра.

Друг работник од Чернобил, Олексиј Бреус, исто така денес е жив и здрав. Тој работел во нуклеарната централа од 1982-ра година, а бил и сведок на непосредните последици од експлозијата на 26-ти април 1986-та година. Бреус работел со многу поединци прикажани во серијата. Тој го посетил Чернобил неколку години по несреќата. "Чернобилската катастрофа е опишана моќно, како глобална катастрофа во која настрадале голем број на луѓе. Исто така, емоциите и расположението во тој период се прикажани прецизно, и меѓу персоналот и меѓу власта. Меѓутоа, технолошките аспекти содржат некои отстапки, кои не мора да бидат лага, туку фикција", рекол Бреус.

Во серијата има тројца главни негативци - директорот на електраната Виктор Брјуканов, главниот инженер Николај Фомин и заменик главниот инженер Антолиј Дјатлов. Бреус тврди дека описот на нивните карактери е чиста лага. "Нивните личности се искривени и погрешно претставени, како да се злосторници. Тие воопшто не беа такви", рекол тој. За Дјатлов рекол: "Оператерите се плашеа од него. Кога беше присутен во блокот, сите беа тензични. Но колку и да беше строг, беше врвен професионалец".




Спонзорирани линкови

Маркетинг