Кралското семејство го погоди голем скандал, кога исплива на виделина информацијата дека принцот Хари ја изневерил својата избраничка, Меган Маркл, со манекенка.
Ангела Левин напишала биографија за кралското семејство, каде истакнала дека Меган не е единствената жена со која Хари започнал врска во 2016-та година.
Според пишувањата на авторката, Хари имал романса со манекенката Сара Ел Маклин, а на двете им испраќал пораки додека не се согласиле да излезат со него.
Маклин го оставила принцот после неколку излегувања, а не е познато дали американската актерка знаела дека не била единствената девојка на Хари.
Од кралската палата сè уште нема никакви огласувања за оваа тема, а во меѓувреме принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, уживаат во првите денови со нивниот син Арчи.
Исто така, Меган е посветена на уредување на септемвриското издание на магазинот Vogue, па веројатно не сака времето да го троши залудно, одговарајќи на гласините за нејзиниот сопруг Хари, со кои многу е јасно кон што се цели.