Путин ги сменил генералите на полицијата поради апсењето на новинарот: Голунов од почеток тврдел дека случајот со дрога му е наместен

Точка

13/06/2019

15:14

1.837

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин сменил двајца полициски генерали поради апсење и истражување на новинарот Иван Голунов, под обвинение за наводна трговија со дрога, која е отфрлена откако владата признала дека нема докази дека тој го извршил злосторството, пренесува "AP".

36-годишниот Голунов е уапсен пред една недела, а медиумите известиле дека е тепан и дека 12 часа му бил ускратен адвокат. Голунов тврдел дека случајот му е наместен. 

Апсењето предизвикало големи протести, а министерството за внатрешни работи во вторникот ги отфрлило сите обвиненија и побарало од Путин да ги смени двајцата генерали во полицијата.

Кремљ соопштил дека се сменети шефот на одделението за борба против дрога, Јури Девјаткин и шефот на полицијата за западна Москва, Андреј Пушков.




Спонзорирани линкови

Маркетинг