Благодарение на овие карактеристики за мажите ќе бидете неодоливи

Кармин

13/06/2019

16:10

2.621

Големина на фонт

а а а

Многу работи влијаат во тоа дали ќе му се допаднете на некое момче или не, а секако не е сè во изгледот. Она што можеби некои ќе ги изненади е тоа што мажите сакаат искрена насмевка. Популарна е анегдотата која се поврзув со популарната актерка Мерлин Монро, која изјавила „Ако мажот може да ме насмее, може сè“.

Еве поради што ќе бидете уште понеодоливи за мажите.

Бојата на гласот

Мажите се чувствителни на бојата на гласот на жената, а посебно им се неодоливи оние гласови кои што звучат заводливо, а со таков глас можеше да се пофали Мерлин Монро.


Насмевка

Американските научници докажале дека насмевката позитивно делува на партнерот, односно на делот на неговиот мозок кој е поврзан со надградување и пофалби. Исто така докажано е дека на мажите повеќе ги привлекуваат жени кои се смеат на нивните шеги. Секако дека тука не припаѓа вештачкото смеење.

Облини

Секако, ова не важи за сите мажи, но поголемиот дел од нив сепак ќе се согласат дека повеќе сакаат жени со облини, а не слаби жени. Затоа, жени, не правете драма доколку имате два килограми вишок и кои никако не можете да ги отстраните.


Црвена облека

Научно е докажано дека мажите имаат поголема сексуална желба за жените доколку таа носи црвен фустан, отколку фустан со некоја друга боја. Исто така треба да ви биде јасно дека во црвена боја едноставно е невозможно да бидете незабележани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk