Во срцето на озлогласената Зона на исклучување во Чернобил лежи смртоносен радиоактивен објект кој некогаш можел да убие човек за само три секунди. И денес "Слоновото стапало" е синоним за смртна казна.
"Слоновото стапало" всушност е маса од високо радиоактивен материјал формирана при нуклеарната катастрофа во 1986-та година. Оваа маса е во фокусот на хит серијата "Чернобил".
Работниците во итните служби пронашле три метри висока токсична маса внатре во темната комора под реакторот број 4.
Набрзо откриле нешто што личи на црна лава како тече од руптурираното јадро. Спред читањето на инструментите кои мерат радијација, од се уште топлиот бетон и денес се емитува доволна количина зрачење да може да убие возрасен човек за 5 минути.
Само неколку минути изложување би предизвикало внатрешно крварење, неконтролирано повраќање, дијареа и сосема сигурно - болна смрт.
Многумина веруваат дека "Слоновото стапало" е најопасниот отпад на светот, па дури и денес влегување во комората во која оваа маса полека се лади значи потпишување на смртна казна.
Само две официјални фотографии од "Слоновото стапало" се објавени во јавноста, но поради смртоносното зрачење, радијацијата влијаела дури и на камерите. Поради тоа фотографиите се со лош квалитет, без разлика на опремата со која се фотографирани.
Постоењето на оваа маса и денес го прави овој град ненаселив за луѓе и така ќе биде и во наредните 100 години. Се стравува дека токсичната маса би можела да се стопи до подземните води, што би можело да предизвика нова експлозија или загадување на водата во околните села.