Откако го обезбеди првото место на најбогати пејачки на светот, Ријана решила покрај својата сè уште свежа бизнис кариера да “заплива” и во водите на кинематографијата. Таа во најновото интервју разговарала со актерката Сара Палсон, нејзината колешка од снимањето на филмот “Ocean’s 8” каде зборувала за приватниот живот.
Од овој разговор испливале многу неверојатни информации кои обожавателите на Ријана едвај ги дочекале.
Поминаа веќе три години откако го објави последниот албум, така што пејачката го искористила моментот да се оправда со изјавата: “Некогаш бев во студио, само во студио, по три месеци без пауза, а потоа објавував нов албум. Сега животот ми е како рингишпил. Еден ден се занимавам со мода, друг ден со долна облека, следниот ден со козметика, па потоа со музика. Како да имам многу деца и за секое морам подеднакво да се грижам”.
Кога сме веќе на темата деца, Ријана веднаш изјавила: “Повеќе од сè сакам да бидам мајка”, додека на прашањето за брак, низ насмевка одговорила: “Само Бог знае, девојко. Ние планираме, а Бог се смее”.
Секако, за да има брак и деца, пејачката прво мора да најде партнер, а кога колешката Сара ја прашала со кој е во врска, ја дочекал одговор: “Гуглај!”.