Последното интервју на човекот обвинет за катастрофата во Чернобил: Советите го згрешија дизајнот на реакторот!

Точка

13/06/2019

22:11

20.387

Големина на фонт

а а а

Анатолиј Дјатлов бил заменик главен инженер во нуклеарната електрана Чернобил и главен во контролната соба кога дојде до катастрофална експлозија на 26-ти април 1986-та година.

Дјатлов во своето последно интервју кое го дал во 1994-та година, раскажал што се случувало кобната ноќ во електраната. Според него, тестот кој бил извршен непосредно пред експлозијата немал никаква врска со најголемата нуклеарна катастрофа во историјата.

Според него, процедурата за тест била детално планирана, иако претходно биле извршени слични тестови кои завршиле неуспешно. Меѓу другото, Дјатлов тврди дека катастрофата можела да се случи и под други околности.


„Околу 22 часот навечер ме повикаа и ми рекоа дека е одобрено да се направи тестот, па пристигнав во Чернобил. Таму пристигнав околу 23 часот. Разговарав со шефот на претходната смена, како и со Саша Акимов, шефот на ноќната смена. Се ни беше јасно на двајцата. Ова беше тип на експеримент кој мораше да биде направен. Но, овој тест нема врска со несреќата. Едноставно е поврзан со несреќата во нефер истрагата за несреќата, додека сето тоа се случи поради незадоволителните компоненти на самиот реактор, нешто што не беше познато тогаш“, тврди Дјатлов во неговото последно интервју.

„Тоа можеше да се случи и при изведувањето на другите процедури, но се случи за време на овој инцидент. Процедурата е испишана, за тоа се разговараше многу пати и тоа беше надгледувано од експерти“, тврди тој.


Се сеќава дека откако започнал да се прегрева реакторот, Акимов го притиснал копчето „АЗ-5“ кое било наменето за сопирање на работата на реакторот, но после неколку секунди се случила силната експлозија.

„Зградата се затресе, започнаа да паѓаат парчиња од плафонот. Светлата за аларм се запалија, струја накратко снема, па се врати. Сите експерти сега се согласни дека реакторот експлодираше поради тоа копче кое требаше да го сопре. Тоа е неверојатно, но вистинито“, тврди Дјатлов кој во 1987-ма година бил осуден на 10 години принудна работа.

Според експертите, иако Дјатлов направил низа на пропусти за време на тестирањето, со што го прегреал реакторот 4 до критично ниво, сепак главниот проблем бил во дизајнот на самиот реактор кој бил проектиран од тогашните најдобри советски научници.

Имено, сите тогашни нуклеарни централи биле изградени од поевтини материјали, па така и контролните шипки наменети за контрола и сопирање на реакторот биле направени од поевтин материјал – графит. Токму графитот делувал како детонатор во моментот на притиснувањето на копчето „АЗ-5“, па затоа и се случила масивната експлозија која резултираше со испуштање на смртоносна количина на радијација во атмосферата, поради која животот го загубија стотици илјади жители на СССР од болести поврзани со радијацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг