Меган Маркл добила возбудлива задача поради која ќе „паузира“ од кралските должности

Точка

12/06/2019

19:47

4.358

Големина на фонт

а а а

Изгледа дека пишувањата на блогот „The Tig“ се исплателе, бидејќи токму Меган Маркл ќе биде заменик-уредник на септемвриското издание на Vogue.

Се прашувате зошто ова е голема работа?

Имено, септемвриското издание на овој престижен магазин е едно од најважните во секоја година, бидејќи ги промовира трендовите за претстојната сезона и на него се работи и по неколку месеци.


Војвотката од Саскес поради тоа накратко ќе ги занемари своите кралски должности и ќе се посвети на уредувањето на Vogue, а за ова издание ексклузивно ќе позира и ќе напише т.н. „статија со мислења“.

Меган сама ќе ја избере темата на која сака да пишува, а многумина се надеваат дека ќе се базира на наводните расправии со Кејт и нејзиниот однос со Доналд Трамп, кој во една прилика ја нарече „одвратна“.


Исто така, војвотката ќе има прилика да ги повика жените - кои, според неа, го менуваат светот, да напишат есеј на која тема сакаат, а се претпоставува дека нејзините пријателки Пријанка Чопра и Серена Вилијамс ќе бидат избрани.

Многумина претпоставуваат и дека на фотографиите за првпат ќе се појави и Арчи, нејзиниот и на Хари син, затоа, нам не ни преостанува ништо друго освен трпеливо да го почекаме излегувањето на ова возбудливо издание на британскиот Вог, под уредничка „палка“ на војвотката од Сасекс!



Спонзорирани линкови

Маркетинг