Се вратил дома од ноќна смена, па пред вратата затекнал чудовиште од 2 метри: „Прво побегнав и пцуев, а потоа повикав полиција“

Точка

12/06/2019

19:24

3.998

Големина на фонт

а а а

Мајкл Престриџ од Флорида се вратил дома после долга ноќна смена, кога пред вратата видел огромен алигатор, долг речиси 2 метри.

„Она кога ќе се вратиш од 10-часовна смена во 6 часот наутро и ќе го пронајдеш ова на прагот“, напишал Мајкл на својот Фејсбук профил.

Кога го прашале што направил во тој момент, тој рекол: „Побегнав! А потоа, откако кратко се смеев и пцуев, повикав полиција за да го фатат и да го тргнат.“

Имал впечаток дека алигаторот изгледа нервозно, па не сакал да се задржува.

За алигаторите моментално е сезона на парење и бараат потенцијални партнери. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг