Во Индија измерена температура од 51 степен, луѓето умираат по возовите: Земјата ја погоди најлошиот топлотен бран

Точка

12/06/2019

17:00

2.083

Големина на фонт

а а а

Индија ја погоди топлотен бран во кој е измерена температура од 51 степен, а 36 луѓе починале, воглавно најсиромашните работници, објавила денес државната служба за неприлики која предупредила дека рекордни температури биле забележани во повеќе индиски сојузни држави за разлика од претходната година.

Во Њу Делхи измерена е температура од 48 степени, а во државата Раџастан измерени се температури од 51 степен, пренесуваат од „Ројтерс“.

„Ова е најлошиот топлотен бран досега. Сличен бран имаше во 2015-та година кој бил забележан во 9 држави, а сега се проценува во 23“ - изјавил метеоролог од Националната служба за временски неприлики.


Тој додал дека утврдени се 36 смртни случаи, најногу меѓу помалку платените работници кои доаѓаат од руралните средини во градовите поради работа и подобар живот.

Во Индија за време на летните месеци вообичаено има недостаток на вода, но оваа година ситуацијата е многу загрижувачка во западните и јужните провинции во кои во 2018-та година немало многу жештини за време на монсунските врнежи.

Службата за природни неприлики предвидела дека топлотниот бран ќе ја погоди Индија на средината на месец март, но времето станало екстремно топло од средината на месец мај, а се очекува дека ќе трае до крајот на јуни.


Четворица луѓе починале во неклиматизиран воз

Четворица луѓе кои се враќале од хиндуистичката миса починале поради високите температури додека патувале во неклиматизиран вагон од индискиот воз.

Управникот на железницата, Маноџ Кумар вели дека 4-ца од луѓето на возраст од 69 до 81 година биле дел од групата која се враќала во јужната држава Керала по посетата на светиот град Варанаси во северна Индија.

Кумар изјавил дека на луѓето им се слошило во вагонот, а докторите кои ги дочекале на станицата Џанси можеле само да ја констатираат нивната смрт.




Спонзорирани линкови

Маркетинг