Британскиот милијардер ја омажи неговата ќерка на Свети Стефан, веселбата траела три дена

Кармин

12/06/2019

16:00

3.555

Големина на фонт

а а а

Луксузна веселба на Свети Стефан. Ќерката на милијардерот Џон Каудвел (66) минатиот викенд се омажи на црногорскиот остров Свети Стефан.

Основачот на британската компанија „Phones 4u“, ја однел својата ќерка Либи (31) до олтарот каде се омажила за својот избраник Сајмон Морган.

Судејќи по фотографиите на неговиот Инстаграм профил пред да стигнат во Црна Гора тие го обиколиле и хрватското крајбрежје.

Гордиот татко се пофалил на Инстаграм дека неговата ќерка се венча, а славењето траело три дена.

„Уживавме во емотивната церемонија исполнета со љубов, солни и многу радост, прекрасен момент за споделување со луѓето кои ги сакаме“ - напишал Каудвел на фотографијата на Истаграм.

Меѓу гостите била и војвотката од Јорк, Сара Фергусон (59) која е пријателка на Џон. Венчавката била во хотел со пет ѕвезди, пренесуваат од „Дејли мејл“, а гостите со задоволство ги споделувале моментите на социјалните мрежи.

„По церемонијата следуваше феноменална забава на која игравме под ѕвездите до три наутро“ - додал Каудвел.

View this post on Instagram

#weddingpreparty #firstday #svetistefan 😍

A post shared by VIKTORIJA SIEGEL (@siegel.777) on



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk