Гризман најави дека наскоро ќе го објави името на новиот клуб

Дерби

12/06/2019

13:27

1.253

Големина на фонт

а а а

Многумина се во исчекување на новиот клуб на францускиот репрезентативец и се уште актуелен член на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

Гризман пред повеќе од еден месец објави дека си заминува од Мадрид, а сега во интервју за „Марка“ потврди дека наскоро ќе се знае неговата следна дестинација.

– Потребно е трпение, но наскоро ќе се знае се. Јас сакам мојата иднина да се реши повеќе од било кој друг, но мора да почекаме. Не знам дали ќе останам во Шпанија. Во следните две недели ќе знаеме нешто, - истакна Гризман за „Марка“.

Се верува дека Барселона е прв фаворит за неговиот потпис, додека во игра е и тимот на ПСЖ кој е подготвен да му понуди одлични финансиски примања.



Спонзорирани линкови

Маркетинг