Ништо од Барселона: Вуко Борозан стави потпис на договор со тимот кој клекна на колена пред Вардар

Дерби

12/06/2019

13:26

1.911

Големина на фонт

а а а

Поранешниот ракометар на Вардар, Вуко Борозан и официјално потпиша договор со финалистот од годинешната Лига на шампионите, Веспрем.

Црногорецот со унгарскиот шампион потпиша двегодишен договор во кој има опција соработката да се продолжи на уште една дополнителна сезона.

Иако се шпекулираше дека Борозан ќе заврши во редовите на Барселона, тој кариерата ја продолжува во тимот во кој тренер е Давид Дејвис.

Борозан поради несогласувања со управата веќе подолг период не го носеше дресот на Вардар и не беше во можност да се израдува на титулата со неговите сега веќе поранешни соиграчи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг