Килијан Мбапе по натпреварот со Андора го прокоментира можниот трансфер во Реал Мадрид

Дерби

12/06/2019

11:51

1.149

Големина на фонт

а а а

Одличниот француски напаѓач и член на ПСЖ, Килијан Мбапе долго време се поврзува со трансфер во редовите на Реал Мадрид.

Мбапе со сигурност ќе ја обележи историјата на модерниот фудбал затоа што со само 20 години веќе стигна до својот 100ти погодок во кариерата. По натпреварот против Андора, фудбалерот даде одговор на шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во главниот град на Шпанија.

– Сега не е време да зборувам за Реал Мадрид. Секогаш ме прашувате исти работи, но сега навистина не е вистински момент за тоа, - истакна Мбапе.

Сезонава што измина беше навистина импресивна за младиот фудбалер. Во дресот на ПСЖ постигна 39 погодоци и запиша 17 асистенции на вкупно 43 натпревари во сите конкуренции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг