Тука со децении нема стапнато човечка нога: Ова се седумте најстрашни напуштени градови на светот

Точка

12/06/2019

21:07

21.837

Големина на фонт

а а а

Популарната ТВ серија на „ХБО“ во центарот на вниманието ја стави чернобилската катастрофа – „Чернобил“, а беше прикажан и животот во сегашниот „град на духови“, Припјат.

Во украинскиот град Припјат додека била активна нуклеарната централа живееле околу 50 илјади луѓе, но после големата катастрофа и испуштањето на смртоносна количина на радијација во атмосферата, градот бил евакуиран. Иако на жителите им било кажано дека ќе мора да ги напуштат своите домови на неколку седмици, тие и ден денес не можат да се вратат дома.

Но, Припјат не е единствениот ваков град во светот – поради слични катастрофи и други околности, денес ширум светот има повеќе напуштени градови, а ова се седумте најстрашни напуштени градови ширум планетата.

Агдам, Нагорно Карабах (Ерменија/Азербејџан)


Некогаш дом на повеќе од 40 илјади жители, Агдам бил погоден од поголем број на крвави воени судири кон средината на 90-тите години од минатиот век. Војната и тешките услови за живот ги натерале локалните жители да го напуштат градот, кој подоцна бил преплавен од криминални банди и бездомници. Денес е забранета посета на овој град.

Боди, Калифорнија


Во 1859-та година голем број на луѓе пристигнале во Сиера Невада во потрага по злато. Популацијата во овој град за кратко време пораснала на седум илјади жители. Во своите најдобри денови, овој калифорниски град имал седум цркви, 65 барови и 25 бордели. Во градот имало живот, се додека еден ден снемало злато, па така градот останал и без жители.

Вароша, Кипар


Некогаш популарната туристичка населба на брегот на Медитеранот, денес е напуштена рушевина. Во текот на 70-тите години од минатиот век, најпознатите луѓе од шоубизнисот летувале тука, но сега овој град е целосно напуштен.

Островот Хашима, Јапонија


Од 1887-ма до 1974-та година на Хашима живееле рударите со своите семејства. Се проценува дека во градот најмногу живееле 5 илјади жители, но откако нафтата започнала да се користи како примарен енергенс, а побарувачката за јаглен опаѓала, жителите постепено започнале да го напуштаат градот во потрага по подобар живот. Денес островот е целосен празен и исполнет со празни градби.

Припјат, Украина


Службено бил прогласен за град во 1879-та година со изградбата на нуклеарната централа, а животот во овој град престанал во 1986-та година после експлозијата во централата и испуштањето на смртоносната количина на радијација. Пред експлозијата во Припјат живееле околу 50 илјади луѓе, имало шума со над 18 илјади стебла, а во градот исто така имало и 27 ресторани и барови. И денес тука има радијација, забрането е да се живее во градот, а во последните неколку години се организираат и туристички посети.

Ромањано Ал Монте, Италија


Ова село било уништено од силен земјотрес во 1980-та година. Со оглед на тоа што жителите не сакале да го обновуваат местото, тие целосно се преселиле и изградиле ново село на десетина километри од него. Иако е ненаселено, селото денес е многу популарно меѓу туристите.

Орадур Су Глан, Франција


Некогаш во ова француско село живееле над 600 жители кои што „СС“ дивизиите на Нацистичка Германија практично ги масакрирале за време на Втората светска војна. Преживеале малкумина кои го откриле хоророт во селото. Денес тука нема ниту еден жител.



Спонзорирани линкови

Маркетинг