Мексиканците попуштија после заканите од Вашингтон: Ќе ја испратат националната гарда на границата само за да ги исполнат барањата на Трамп

Точка

12/06/2019

12:46

1.738

Големина на фонт

а а а

Мексико доби 45 дена за значително да го намали бројот на мигранти кои што илегално ја преминуваат мексиканско-американската граница, во спротивно оваа држава ќе се соочи со зголемување на царините.

Мексиканската влада од вчера и официјално започна со спроведување на договорот постигнат со американскиот претседател Доналд Трамп кој бара од Мексико да го ограничи приливот на мигранти во САД, со цел мексиканските власти да избегнат воведување на царини од страна на Вашингтон.

Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор најави основање на посебен совет на чело со министерот за надворешни работи Марсело Ебрард за спроведување на обврските на Мексико кон тој договор.

Првиот потег на мексиканската влада ќе биде испраќање на 6 илјади припадници на националната гарда на јужната граница со Гватемала, порача Ебрард на специјалната прес конференција.


Трамп уште минатиот петок објави дека е постигнат договор со Мексико со кој се избегнати царините на стоката од таа земја, а во понеделникот изрази надеж дека строгите мексикански закони за миграција ќе ги намалат тензиите.

Според претседателот на Мексико, договорот помеѓу Мексико Сити и Вашингтон и спроведувањето на истиот од страна на неговата земја, ја отстрани можноста за економска криза.



Спонзорирани линкови

Маркетинг