Американците веќе со месеци тајно ја напаѓаат Русија: Ќе ја платите цената ако откриеме една работа!

Точка

12/06/2019

11:30

6.488

Големина на фонт

а а а

Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон потврди дека Американците се ангажирани во офанзивни сајбер-операции во странство со цел да им покажат на Русите дека ќе ја платат цената за нивното мешање во американските внатрешни работи.

Белата куќа минатата година ги укина ограничувањата против офанзивното хакирање за да им покаже на своите непријатели како што е Русија, дека секој обид за мешање во американските избори или изведување на други сајбер-операции против САД, ќе ја платат цената.

„Целта е на Русија, или на било кој друг кој се занимава со сајбер-операции против нас, да му се каже – ќе ја платите цената ако откриеме дека го правите тоа. И ќе ви ги наметнеме трошоците се додека не сфатите дека не е вредно да се вршат сајбер напади против нас“, јавно порача советникот за национална безбедност на американскиот претседател Трамп, Џон Болтон.

Говорејќи на конференцијата за новинари во Вашингтон, Болтон исто така потврди дека новиот самит помеѓу лидерите на САД и Северна Кореја, Доналд Трамп и Ким Јонг Ун е „целосно возможен“, доколку властите од Пјонгјанг се подготвени за такво нешто.

САД и нивните западни сојузници во повеќе наврати ја обвинија Русија дека врши сајбер напади против другите држави. Секако, од Москва го негираа тоа и ги повикаа западните сили на меѓународна соработка во областа на сајбер-безбедноста, истовремено отфрлајќи ги обвинувањата дека Русија била вмешана во американските претседателски избори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг