Мислите дека немало црнци во Чернобил?: Имало еден кој до денес е жив

Точка

11/06/2019

20:17

4.635

Големина на фонт

а а а

Британската актерка и сценаристка Карла Мари Свит на почетокот на месецот на Твитер се пожалила дека е разочарана од серијата „Чернобил“ затоа што во неа нема актери кои не се од белата раса.

Корисниците на таа социјална мрежа го критикувале нејзиниот твит и ѝ препорачале да ја научи приказната, а исто така ѝ објасниле дека црните ликвидатори во Чернобил би биле нескладни во приказната. На крајот сите кои не се согласиле со неа таа ги нарекла расисти и потоа го избришала твитот и го заклучила случајот.


А сега... Нешто целосно поинакво. Еден од ликвидаторите во несреќата во Чернобил бил темен маж, Игор Кирјак, пишуваат од украинската страница „Бебел“.

Роден бил во 1967-та година, 10 години подоцна се преселил во Череповец, а во 1985-та година повикан е да ѝ служи на задолжителната војска. Завршил во 210-та бригада која во Киев во 1985-та година го градела понтонскиот мост. На војниците подоцна им било наредено да помогнат со санирање на последиците од катастрофата во Чернобил, а таму биле од крајот на април 1986-та година до ноември 1990-та година.


По службата Игор се вратил во Череповец каде што живее и денес. Тој пред неколку години на руската социјална мрежа VK објавил фотографија од времето кога бил во Чернобил.


Но, во последно време не е премногу активен на социјалните мрежи и засега не одговорил на ниту една медиумска куќа на прашањата кои му ги поставувале. Последната фотографија ја објавил во април, а на неа позирал со украинско знаме.

 



Спонзорирани линкови

Маркетинг