Мислевте дека проѕирните фустани ништо не може да ги замени? Тогаш сериозно сте се излажале.
Иако многумина од нас, во летните месеци панталоните ги ставаат на највисоката полица во гардероберот, за тоа нема никаква причина. Сепак, со нив можете да направите одлични комбинации во кои нема да ви биде неподносливо жешко, а покрај тоа ќе изгледате подеднакво модерно како и во тренди фустанчињата.
Нормално, кога ќе пораснат температурите, последно што ви е потребно се тешките материјали или модели на панталони кои се многу тесни покрај нозете, па не сте сигурни дали воопшто крвта ви циркулира таму. Лесни и проѕирни материјали, малку пошироки модели и пастелни или многу светлите нијанси се добитна комбинација за топлите летни денови, а еве кои модели ќе бидат најбарани оваа сезона.
2. Тренерки од лесни материјали