Манчестер Јунајтед ги договорил личните примања на второто засилување, се чека договор меѓу клубовите

Дерби

11/06/2019

15:00

1.383

Големина на фонт

а а а

Се поизвесно е и второто засилување кое ќе пристигне на „Олд Трафорд“ во летниот преоден рок. Оле Гунар Солскјер очигледно има поинаква трансфер стратегија од неговите претходници, па во клубот сега сака да донесе млади фудбалери од Островот кои знаат што значи носењето на тешкиот дрес на Манчестер Јунајтед.

По ангажманот на Даниел Џејмс, овие денови се очекува и официјална потврда на трансферот на Арон Ван Бисака. 21 годишниот десен бек е на врвот на листата приоритети на Солскјер, и за него е подготвен да издвои значителна сума на пари.

Спортскиот новинар Николо Шира пренесува дека „ѓаволите“ веќе се договориле за личните примања на Ван Бисака кој се согласил да потпише договор до 2024 година, и сега останува само да падне конечен договор со Кристал Палас.

Првата понуда од 40 милиони фунти „орлите“ ја одбија, а Јунајтед сега ќе испрати нова, во висина од 50 милиони фунти во која би требало да бидат вклучени и неколку опции за бонуси и истата веројатно ќе биде прифатена од страна на Кристал Палас.



Спонзорирани линкови

Маркетинг