Преголем џентлмен за овој свет: Кијану Ривс не допрел ниту една жена со која се фотографирал, а оваа фотографија го докажува тоа

Кармин

11/06/2019

21:28

10.896

Големина на фонт

а а а

Ова е уште една причина за да го обожувате Кијану Ривс. Една целна група на социјалните мрежи ги собрала сите фотографии од актерот на кои позира со различни жени и истите не ги допира.

Колку овој актер е голем џентлмен и човек со манири докажува неговото однесување кон понежниот пол. Додека позира со различни жени тој ненаметливо ги прегрнува без воопшто да ги допре.

Кога оваа негова урнебесна навика стана впечатлива, за Ривс почнаа да се шират гласини дека е неверојатен џентлмен со несекојдневни манири за еден “слободен“ маж.

Корисниците на Фејсбук коментирале дека вакво однесување го прави да е вистински џентлмен и дека ова е уште една причина зошто овој холивудски актер има толку многу обожаватели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk